Почна лидерската средба на четирите најголеми партии
Лидерската средба се оценува како уште еден чекор за надминување на политичката криза во земјава...

Во Клубот на пратениците во Скопје, почна средбата на лидерите на четирите најголеми партии: Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА.
Како набљудувачи на средбата, присуствуваат амбасадорот на САД, Џес Бејли и шефот на мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав. Средбата се одржува зад затворени врати.
Премиерот Груевски е придржуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, Зоран Заев од Рената Дескоска Треневска, Али Ахмети од Артан Груби, а Мендух Тачи од Беким Фазлиу.
Лидерската средба е на заедничка иницијатива на четирите најголеми парламентарни партии и со поддршка на меѓународната заедница, а се оценува како уште еден чекор за надминување на политичката криза во земјава.
