Струмица: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Советот
Во Струмица, барање за итна седница на Советот и одговорност од градоначалникот и лидер на СДСМ по објавеното видео. Од советничката група на ВМРО- ДПМНЕ велат дека Заев треба да си оди градончалничката фотеља, поради како што велат барањето мито за да заврши работа...

Советниците на ВМРО- ДПМНЕ денеска побараа итно свикување вонредна седница на Советот на Општина Струмица. Бараат тука да присуствува и градоначалникот Заев за, како што рекоа, да му ги постават прашањата кои до нив ги доставуваат граѓаните. Истакнаа дека секојдневно добиваат реакции од жителите, а првиот човек на општината е должен да ги одговори.
„Тоа не може се оствари поради отсуството на градоначалникот и се нема изнесено за нашите барања, а со тоа и граќаните остануваат без одговор, а тие заслужуваат да го имаат“, изјави Зоран Пакетов- координатор на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ.
Реагираа од општинската организација на СДСМ. Велат дека последните случувања се обид на власта и според нив, нејзините мегафони за девалвирање на успешноста на Заев и Општина Струмица.
„Граѓаните на Струмица знаат како се гради храмот и колку Заев помага за овој храм и она што требаше да биде наше единство го скеврнават. Вашите маниулации не проаѓаат“, вели Миле Милановиќ- ОО СДСМ Струмица.
Од партијата ГРОМ побараа неотповиклива оставка на градоначалникот Заев. Сметаат дека тој нема веќе кредибилитет да раковиди со општинските пари.
„Очигледно вашата совест е нечиста, вашите раце се валкани и немате морално право да ги трошите парите на граѓаните на Општина Струмица и ве повикувам да си поднесете неотповиклива оставка“, изјави Сашо Милковски- ОО ГРОМ Струмица.
За попладнево во Струмица е најавен собир на граѓани кои, според најавите ќе побараат оставка од градоначалникот Заев.
Катерина Давчева
