Економија

Прогноза на ЕБОР: Македонија со раст од 3,5%

14.05.2015 17:02

Банката нотира дека во земјава има стабилни макроекономски услови, но предупредува дека ризиците доаѓаат одвнатре, односно од актуелнте политички случувања...

Македонската економија годинава ќе расте со стапка од 3,5%, а в година со 3,7. Европската банка за обнова и развој ги објави новите прогнози. Во извештајот за регионалните економски перспективи е наведено дека Македонија годинава ќе има  највисока стапка на раст на БДП во регионот на Западен Балкан. Банката нотира дека во земјава има стабилни макроекономски услови, но предупредува дека ризиците доаѓаат одвнатре, односно од актуелнте политички случувања. Вакви пораки во изминатиов период испратија и домашните власти, кретаторите на фискалната и на монетарната, но и претставниците на бизнис – секторот, кои предупредија дека поволните изгледи за движењето на домашното стопанство може да бидат нарушени од политичките турболенции.

„Домашните политички случувања се фактор на ризик, којшто може да ја загрози оваа поволна слика за македонската економија и овој поволен тренд кој очекувавме трета година да продолжи“, изјави Димитар Богов, гувернер на НБРМ.

„Сите овие проекции кои ги имавме, сега во наредниот период ќе треба да се земат со резерва поради новонастанатата ситуација и се надеваме дека ќе бидат остварливи во периодот кој следи“, смета Данела Арсовска, претседателка на ССК.

Во Извештајот на ЕБОР со кој се покриени 35 држави од Централна и од Југоисточна Европа стои дека 2015-та ќе биде година на стагнација, а в година просечниот раст би се движел околу 1,4%.  

Просечниот раст само во регионот на ЈИЕ годинава би изнесувал 2,3, а в година 2,8%.

 

Мартин Пушевски