Засилено полициско обезбедување во Kуманово

15.05.2015 10:32

Вработените се на своите работни места, потврдуваат дека работата тече непречено. И граѓаните во Куманово ги извршуваат своите секојневни активности...

Блокирани улици и засилено полициско обезбедување во Kуманово. Од МВР велат се преземаат мерки за безбедност. Во овој дел од градот се наоѓаат клучни објекти, државни и локални институции.

Вработените се на своите работни места, потврдуваат дека работата тече непречено. И граѓаните во Куманово ги извршуваат своите секојневни активности.

Минатиот викент во кумановската населба „Тоде Мендол“ беше спорведена полициската акција за разбивање на терористичка група во која загинаат осум полицајци, а 37 беа ранети.

Беа ликвидирани 14- тина терористи, 30 приведени за кои е почната истражната постапка.