Финансиска поддршка за зачувување на традиционалните вредности на селата
15.05.2015 10:57
За зачувување и унапредување на традиционалните вредности на селата, општините можат да добијат до 20 милиони денари од државата. Огласот ќе трае до 15 јуни годинава...

Патишта до локалитети, патокази за планинарски патеки и уредување на излетнички места во селските средини, финансиски ќе бидат подржани од државата.
Субвенцијата изнесува 100 проценти од трошоците со максимална вредност до 20 милиони денари по корисник.
По потпишувањето на договорот со платежната агенција, општината треба да спроведе јавна набавка за избор на изведувачите на инвестицијата.
Методија Трајков
