Офталмологот Ставриќ осуден на една година затвор

15.05.2015 11:50

Ова е истата затворска казна што основниот суд ја изрече и во првата пресуда, а која подоцна повисокиот суд ја укина и предметот го врати на повторно одлучување...

Офталмологот Дејан Ставриќ е осуден на една година затвор. Ваква пресуда донесе скопскиот Кривичен суд, кој го прогласи лекарот за виновен за кривично дело примање награда при посредување за добивање пензија.

Ова е истата затворска казна што основниот суд ја изрече и во првата пресуда, а која подоцна повисокиот суд ја укина и предметот го врати на повторно одлучување.

Ставриќ беше уапсен минатата година под сомнение дека зел поткуп од 2.000 евра од пациент од Прилеп.

Анита Димитријевска