Кавадарчанец ја нападнал сопругата со секира
15.05.2015 12:37
Во Полициската станица Кавадарци вчера во 15:50 часот кавадарчанецот самиот пријавил дека ја нападнал неговата сопруга со секира...

Педесет и осумгодишен жител на Кавадарци ја нападнал неговата 59-годишна сопруга со секира нанесувајќи и повреди во пределот на главата, соопшти МВР.
Во Полициската станица Кавадарци вчера во 15:50 часот кавадарчанецот самиот пријавил дека ја нападнал неговата сопруга со секира.
Жената е пренесена во ЈЗУ Општа болница Кавадарци, од каде поради сериозноста на повредите е префрлена во Градска хируршка клиничка болница „Наум Охридски“ во Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
