Петир: Политичарите да ги стават интересите на народот во прв план

15.05.2015 12:48

Случувањата во Македонија влијаат на земјата и ја оддалечуваат од својата цел- интеграција во ЕУ и НАТО...

Политичарите во Македонија да ги стават интересрите на народот во прв план, да соберат сила и мудрост за надминување на разликите– порачува хрватската европратеничка Маријана Петир – член на Комитетот за надворешни работи.

Случувањата во Македонија влијаат на земјата и ја оддалечуваат од својата цел- интеграција во ЕУ и НАТО.

„Како член на Комисијата на ЕП за односи со Македонија, јас во неколку наврати јавно ги повикав Европскиот совет и Европската комисија, без одложување да се одреди датум за почеток на преговорите со Македонија. Земјата тоа го заслужува поради исклучително високото ниво на подготовка“, потенцира пратеничката во Европскиот Парламент, Маријана Петир.