Туризам: Откажувањето на аранжманите го вклучи алармот

15.05.2015 13:33

Промената на состојбите негативно се одразува врз туризмот. Вонреден состанок одржа Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Најавени се мерки и активности за надминување на актуелната ситуација...

Се откажуваат туристичките аранжмани за земјата. Промената на состојбите негативно се одразува врз туризмот. Вонреден состанок одржа Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Најавени се мерки и активности за надминување на актуелната ситуација.

„Првиот апел е да се информира за реалната ситуација, да немаме сопствени интерпретации и да не се предимензионира ситуацијата со оглед на тоа што се донесува под ризик не само една туристичка сезона, туку и повеќе туристички сезони“, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Џамбазовски.

Тој информираше дека добро е тоа што нема откажување на голем број на групи, но сепак има одреден број на откажувања кои загрижуваат.

„Донесовме заклучок во иднина да направиме една кампања во соседните држави за безбедна Македонија, која дополнително ќе биде осмислена. Во меѓувреме, МНР презема мерки за правилно презентирање на состојбата во земјата, преку дипломатските претставништва“, соопшти Џамбазовски.