Средношколците се враќаат на настава, бојкотот во мирување

15.05.2015 16:36

На овој чекор се решиле бидејќи треба да ги надополнат часовите, но и поради безбедносни причини. Доколку МОН не им ги исполни барањата, од први септември најавуваат нов бојкот...

Бојкотот се става во мирување, учениците се враќаат на настава, решил Средношколскиот пленум на синоќешниот состанок. Го прекинаа и кампувањето во паркот наспроти министерството за образование, и од понеделник ќе почнат со подготовки за државната матура и екстерното тестирање.

На овој чекор се решиле бидејќи треба да ги надополнат часовите, но и поради безбедносни причини. Доколку МОН не им ги исполни барањата, од први септември најавуваат нов бојкот.

„И покрај сета наша пожртвуваност и желба да најдеме крајно решение на овој научен проблем, не наидовме на компромис од другата страна“, изјави Исмет Шабановиќ, Средношколски пленум.

„Борбата тука не завршува ќе продолжи понатаму затоа што ние тука не ставаме точка туку запирка , борбата за подобро и поквалитетно образование неможе да чека и ние тоа како пленум нема да го дозволиме“, изјави Симона Туфегџиќ, Средношколски пленум.

Средношколците кои ја бојкотираа наставата велат дека изгубените часови ќе ги надоместат во договор со училиштата и професорите.

Средствата кои средношколците ги собираа во кампот ќе ги донираат за обнова на основното училиште „Вук Караџиќ“ во кумановската населба Тоде Мендол. 

Викторија Тодоровска