Лавров во Белград: Русија од ЕУ бара решителна акција против тероризмот на Балканот

15.05.2015 16:47

Наместо политичка коректност Русија од ЕУ бара решителна акција против тероризмот на Балканот. Русија е загрижена од големоалбанските претензии...

Европската унија не треба инцидентите на Балканот да ги третира како изолирани случаи, без организирана позадина. Со тоа ја оправдува својата неефикасност- оценува рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. По средбата со српскиот колега во Белград тој рече дека Русија ги поджува акциите на македонската власт и ги повикува сите политички сили на дијалог, без спроведување на противтиуставни чекори.

„Во Македонија се манифестира т.н. менталитет на конфротација, односно ИЛИ-ИЛИ! Неможам да тврдам, но мислам дека настаните во Македонија се развиваат во контекст на одбивањето на македонската влада да се придружи кон санкциите на Русија и на подршката што ја дава за изградба на гасоводот Турски тек. Неможам да го избегнам чувството дека тука постои одредена врска“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Лавров најави дека во наредниот периот Москва планира заедно со Брисел да ја разгледа состојбата во Европа, со посебен акцент на Балканот.

Според шефот на српската дипломатија кој воедно е и претседавач со ОБСЕ, меѓународната заедница треба порешително да ја осуди политиката на големоалбанскиот национализам-

„Србија не ја интересираат внатрешно-политичките работи во Македонија и кој ќе биде на власт. Србија, Русија, ЕУ, целата меѓународна заедница треба да ја интересира политичката и безбедоносната стабилност во Македонија која е значајна за целиот регион! Затоа ние најостро ги осудуваме настаните во Македонија и благите реакции на ЕУ која повикува на договор меѓу двете страни. Нема две страни со терористите“, изјави Ивица Дачиќ.

Московските медиуми на посетата на Лавров на Белград и даваат поширок контекст. Коментираат дека ова се случува во момент на засилена борба меѓу Русија и Западот за Србија.  

 

Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ