Бизнисмен тврди- Заев примил мито од 39 илјади евра?
Парите, според тврдењата на Наумов, биле дадени за одобрение за градба, иако за местото на фирмата „Иднина“, чиј сопственик е Наумов работите за градба биле решени...

Лидерот на СДСМ, Заев од штипски бизнисмен примил мито од 39 илјади евра. Мики Наумов во изјава за „Алфа“ телевизија обелодени дека на Зоран Заев лично му дал 35 илјади евра, а останатите 4 илјади биле дадени преку посредник.
Парите, според тврдењата на Наумов, биле дадени за одобрение за градба, иако за местото на фирмата „Иднина“, чиј сопственик е Наумов работите за градба биле решени.
Интернет-порталите денеска објавија нови информации и за случајот со издавање станови на фирмата „Дајнерс“ чиј управител е сопругот на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска. Според пишувањата, становите кои се издавале воопшто не се користеле за потребите на компанијата „Дајнерс“.
Дека постои голем простор за сомнение дека станува збор за фиктивни договори покажува и фактот дека лицето Обрад Сикимиќ, кој инаку е прв човек на белградската компанија „Дајнерс клуб“ при надворешните контроли кои ги вршела управата за јавни приходи давал изјави дека при посетите на Македонија престојувал во еден од становите кои сопругот на Шеќеринска си ги рентал на самиот себе си.
Интернет-поратилите информацијата ја провериле во секторот за гранични работи и миграција, по што добиле одговор дека ова лице, воопшто немало пријавен привремен престој во ниту еден од становите кои семејството на Шеќеринска ги рентало на фирмата „Дајнерс“.
Иако станува збор за 4 станови, од кои 3 во Скопје и еден во Охрид, Сикимиќ и лицата кои го придружувале при посетите на Македонија не пријавиле дека престојувале на ниту едно од овие места, иако пред инспекторите на УЈП тврделе дека ги користеле становите-пишуваат порталите.
