Скопски градоначалници: Успешен собир за силна Македонија
„Заедно да покажеме дека Македонија ни е премногу важна за некој да се обидува да и наштети само за да ги оствари партиските интереси“, повик и од скопските градоначалници за утрешниот собир што го организира ВМРО-ДПМНЕ...

Стабилност, просперитет и подобра економска иднина. Скопските градоначалници повикаа на масовност на собирот за граѓаните за гласно да кажат дека се против, како што велат, насилните демонстрации и црните сценарија за дестабилизација на Македонија.. Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски рече дека само преку демократски избори народот одлучува кој ќе биде власт, а кој опозиција..
„Ги повикуваме граѓаните на Скопје, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи на мирен собир, со кој ние сите заедно ќе покажеме дека Македонија ни е премногу важна, за некој да се обидува да и наштети само за да ги оствари тесните партиски и лични интереси“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Конески.
Граѓаните да дадат поддршка за развојот на градот, за нови паркови, булевари, уредени плоштади, училишта, инвестиции, фабрики и фирми, за отворање нови работни места, за ново, просперитетно Скопје- порача скопскиот градоначалник, Коце Трајановски.
„Да ни се придружите на големиот народен митинг, да дадеме поддршка на се што е досега направено за Скопје, за невидениот развој и за она што допрва ќе се реализира“, нагласи Трајановски.
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски вели дека граѓаните, независно од националната, верската и етничката припадност, со својата излезеност јасно да покажат дека сакаат мир, стабилност, соживот, безбедност и екононмски просперитет.
„Да се види колку не има, дека сме многу повеќе од оние што се обидуваат да воспостават марионетска власт преку насилни, вонинституционални методи“, рече Јакимовски.
Градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам апелира Ромите масовно да го поддржат собирот за сузбивање, на како што рече, проблемите кој некој сака да ги наметне.
Подршка на собирот што го организира ВМРО-ДПМНЕ дадоа и градоначалниците на општините Илинден, Петровец, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров.
Дијана Ценевска
