Средношколците и студентите го поддржаа собирот
Тие, како што велат, се спротивставуваат на агендите чија цел е разорување на граѓанскиот концепт и политичко жртвување на младите инструментализирајќи ги за насилно уривање на демократските институции.

Студентите организирани во Младинскиот европски едукативен центар даваат поддршка на утрешниот граѓански собир.
Тие, како што велат, се спротивставуваат на агендите чија цел е разорување на граѓанскиот концепт и политичко жртвување на младите инструментализирајќи ги за насилно уривање на демократските институции.
Поддршка стигна и од Средношколската унија. Тие велат дека младите и средношколците застануваат рамо до рамо со граѓаните и народот и даваат поддршка на определбите за стабилна, силна и сигурна иднина на државата и сите нејзини граѓани.
