Членови и симпатизери на опозициската СДСМ, ноќта ја минаа пред Владата
18.05.2015 13:04
Булеварот пред владата е непрооден за сообраќај. Лидерот на СДСМ, Заев вчера ги повтори барањата на опозицијата...

Членови и симпатизери на опозицискиот СДСМ ноќта ја поминаа пред Владата. По вчерашниот протест најавија дека ќе кампуваат пред Владата се додека премиерот Груевски не си поднесе оставка.
Булеварот пред владата е непрооден за сообраќај. Лидерот на СДСМ, Заев вчера ги повтори барањата на опозицијата.
Оставки побара и од Јавниот обвинител и од раководството на МРТ. Рече дека доколку владата не си поднесе оставка, можни се сценарија кои никој не ги посакува.
