Столтенберг: Најважно е да се избегне ескалација на кризата

18.05.2015 13:14

Јас силно верувам дека мирните протести се дел од демократското оптшество, но најважно е да се избегне повеќе насилство, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој ја нарече нашата земја со уставното име, избегнувајќи ја долгата референца...

Најважно е да се избегне ескалација на кризата и конфликтот во Македонија. Пред почетокот на состанокот на Советот на Европската унија, нагласи генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој ја нарече нашата земја со уставното име, избегнувајќи ја долгата референца.

Ние го следиме одблиску развојот на настаните во Македонија, а имаме и канцеларија за врски на НАТО во Скопје. Македонија е земја аспирант за членство во НАТО и затоа имаме блиска соработка со Македонија. Јас силно верувам дека мирните протести се дел од демократското оптшество, но најважно е да се избегне повеќе насилство и треба да се осигура дека демократските институции се развиени и дека владеењето на правото е имплементирано целосно и дека ќе избегнеме ескалација на кризата и конфликтот во Македонија, истакна Столтенберг.