Почна втората лидерска средба
Како и на првата средба во четвртокот, како набљудувачи и овој пат се присутни амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав...

Во Клубот на пратениците во Скопје попладнево почна втората средба на лидерите на четирите најголеми партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во Македонија.
Како и на првата средба во четвртокот, како набљудувачи и овој пат се присутни амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.
Премиерот Груевски и денеска е придржуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, Зоран Заев од Рената Дескоска Треневска, Али Ахмети од Артан Груби, а Мендух Тачи од Луан Треси.
По завршувањето на првата лидерска средба учесниците изјавија дека бил направен обид да се креира рамка за разговори за излез од политичката криза во земјата.
