Богов: Политичката криза може да го намали проектираниот раст

18.05.2015 14:56

Сега кога ќе се менуваат работите во економијата по нашето основно сценарио може да дојдеме во ситуација целиот наш фокус да биде насочен на задржување на ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот сектор, вели гувернерот на НБРМ...

Политичката криза може да придонесе за намалување на проектираниот економски раст од 4,1% годинава вели гувернерот на НБРМ, Димитар Богов презентирајќи го годишниот извештај на Народната Банка во Собранието. Се уште не се знае колку долго ќе трае политичката нестабилност и со каков интензитет ќе се одвива, вели гувернерот.

Сега кога ќе се менуваат работите во економијата по нашето основно сценарио може да дојдеме во ситуација целиот наш фокус да биде насочен на задржување на ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот сектор при што нема да имаме простор да го поддржиме економскиот раст, изјави Богов додавајќи дека инструментите со кои би го сториле тоа е преку затегање на монетарната политика што би значело зголемување на каматните стапки и за бизнисите и за граѓаните.

Богов истакнува дека тоа ќе бидат неопходни мерки и оти Народната банка ќе го направи она што мора за да ги оствари своите основни цели.