Последни подготовки за вечерашниот собир под мотото „Македонија силна!“

18.05.2015 16:53

Бината е веќе наместена, на неа ќе се качат и ќе зборуваат неколку говорници. Последен меѓу нив и со главните пораки од митингот на присутните, ќе се обрати лидерот на ВМРО- ДПМНЕ и премиер Никола Груевски...

Се е подготвено за вечерашниот народен собир кој го организира владеачката ВМРО- ДПМНЕ. На овој собир се очекува голема масовност на граѓаните од целата држава, а ќе се одвива под мотото „Македонија силна“. Бината е веќе наместена, на неа ќе се качат и ќе зборуваат неколку говорници. Последен меѓу нив и со главните пораки од митингот на присутните, ќе се обрати лидерот на ВМРО- ДПМНЕ и премиер Никола Груевски.

До сега огромен број јавни личности дадоа подршка на собирот- уметници, актери, невладини организации и политичките партии од Коалицијата „За подобра Македонија“.

Во центарот на градот, пред Собранието, улиците се блокирани како подготовка за собирот. Од ВМРО –ДПМНЕ велат дека главната порака од собирот ќе биде силна и стабилна Македонија која ќе се бори за нови работни места, реформи, економски курс, а не за политички подметнувања.

Груевски веќе рече дека со овој собир ќе се искаже поддршка на државата во овие тешки моменти, за сите кои се борат за Македонија, за безбедносните сили, за сите сили кои што даваат напори Македонија да излезе од овој процес, да се заврши оваа криза и да се продолжи по патеките на напредокот.

Собирот треба да започне во 20 часот.

 

Миле А. Ристески