Македонија на агентата на Советот на ЕУ
Најважно е да се избегне насилство. Ова е коментарот на првиот човек на НАТО за случувањата во Македонија. Во исто време експерти предупредуваат дека земјата ризикува да ја загуби препораката за почеток на преговори за членство во Европската унија...

Македонија е на агендата на денешниот Совет за надворешни работи што се одржува во Брисел. Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата ќе дискутираат за последните случувања во држвата со цел да дојдат до заедничка одлука за мерките кои ќе ги преземат.
Oва искачување на агендата на ЕАС се должи и на загриженоста која ја изразуваат европските преставници за патот на Македонија во евроинтергациите. Македонија изминативе 6 години имаше шест последователни позитивни извештаи и препораки за одпочнување на преговори со Европската Унија. Според експертите, овде во Брисел, препораката од Европската Комисија оваа година е сериозно доведена во прашање.
Пред почетокот на средбата, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека сега е најважно да избегне насилството и екслација на кризата.
„Јас силно верувам дека мирните протести се дел од демократското опшество, но најважно е да нема насилство, да се осигура функционирањето на демократските институции и владеењето на правото со цел избегне понатамошна ескалација на кризата во Македонија“, изјави Столтенберг.
А, утре во Стразбур, премиерот Никола Груевски заедно со председателот на СДСМ, Зоран Заев ке учествува на средба еврокомесарот Јоханеес Хан и тројката европски пратеници Иво Вајгел, Едуард Куакн и Ричард Ховит, со цел да се најде заедничко решение за излез од политичката криза во која се наоѓа земјата.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
