Стејт Департмент: Опозицијата да се врати во Собранието, истрага за аудиоснимките
Ги повикуваме властите да направат напредок во наводните неправилности што излегоа од неодамнешните објавени прислушувања. Исто така ги повикуваме опозициските партии да се вратат во Парламентот и да земат учество во зајакнувањето на парламентарниот надзор врз владините институции, велат од американскиот Стејт Департмент...

Имаме блиски консултации со македонската Влада и политичките лидери во Македонија за да им ја пренесеме загриженоста за актуелната политичка криза, изјави портпаролот на Стејт Департментот Џеф Ратке на редовниот брифинг во Вашингтон.
„Ги повикуваме сите страни да го почитуваат правото на собирање и мирен протест, но да се воздржат од насилства. Ги повикуваме властите да направат напредок во наводните неправилности што излегоа од неодамнешните објавени прислушувања. Исто така ги повикуваме опозициските партии да се вратат во Парламентот и да земат учество во зајакнувањето на парламентарниот надзор врз владините институции, вклучувајќи и комитет за овие прислушувања. Охрабрени сме од чекорите преземени минатата недела од Владата за смена на клучни министри и владини официјални лица што го земаме како позитивен чекор. Но, веруваме дека македонските лидери треба да работат заедно и да водат дијалог за прашањата во земјата, што вклучува неопходни реформи и за актуелната политичка криза“, изјавија од американскиот Стејт Департмент.
