Рокот за поднесување барања за субвенции е до 31-ви мај

19.05.2015 12:11

Земјоделците кои ги исполнуваат условите за субвенции, барањата треба да ги поднесуваат до подрачните единици на Министерството. Препорака е да не се чека крајниот рок...

Рокот за поднесување на апликациите е до 31-ви мај. Барањата се доставуваат во подрачната единица на Министерството, каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

Платежната Агенцијата ги советува фармерите да внимаваат на бројот на трансакциската сметка која се запишува на барањето.

Годинава за субвенции во земјоделството се предвидени повеќе од 140 милиони евра.

 

Методија Трајков