Регионалните медиуми за масовниот митинг на владејачката партија

19.05.2015 12:24

„Македонија повторно на нозе – по фијаското на опозицијата, митинг на владејачката партија во Скопје“ - пишува српски „Телеграф“...

„Заев нема да биде премиер на Македонија, порача Груевски пред 90 илјади собрани на митингот“ – ова се главните наслови на некои странски медиуми. „Македонија повторно на нозе – по фијаското на опозицијата, митинг на владејачката партија во Скопје“ - пишува српски „Телеграф“.

„24 часа инфо“ објави текст со наслов - „Заврши масовниот собир за поддршка на владата – Груевски порача дека патот на Македонија е во ЕУ и во НАТО.

Во текстот се додава и дека премиерот на Македонија, Груевски на провладиниот митинг „Македонија силна“ се собраа меѓу 80 и 100 илади граѓани и симпатизери на владеачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подбра Македонија“.

И агенцијата Срна со проценка дека на синоќешниот собир во Скопје присуствувале околу 90 илјади луѓе.