Се дефинираат условите за отворање автоплацеви
19.05.2015 13:24
Досега овој вид трговија не беше регулиран, а физичките лица – дилери увезуваа и продаваа половни возила без да бидат регистрирани за вршење на дејноста...

Се дефинираат минималните технички услови што треба да ги исполнат фирмите и физичките лица за отворање автоплацеви за увоз и трговија со употребувани моторни возила.
Досега овој вид трговија не беше регулиран, а физичките лица – дилери увезуваа и продаваа половни возила без да бидат регистрирани за вршење на дејноста.
Измените и пополнувањата на Законот за трговија ја минаа првата фаза во Комисијата за економски прашања.
