Десетици демонстранти втора вечер кампуваат пред Владата, група граѓани поставија шатори пред Собранието

19.05.2015 13:22

По синоќешниот голем митинг организиран од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, шаторски камп никна и пред македонското Собрание...

Неколку десетици демонстранти втора вечер по ред се во Кампот пред зградата на владата откако решија да останат во шатори по завршувањето на неделниот протест што го предводеше опозициската СДСМ. Велат дека ќе останат таму се додека премиерот Груевски не поднесе оставка.

По синоќешниот голем митинг организиран од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, шаторски камп никна и пред македонското Собрание. Група граѓани таму ја поминаа ноќта, кои велат дека ќе останат и во наредните денови за да ја чуваат демократијата и изборната волја.