Драстично намалување на цените на роаминг услугите
Претставници на регулаторни тела од регионот и Европа, како и на Меѓународната унија за телекомуникации и бордот на директори на Европското тело на регулатори на електронски комуникации, во Охрид расправаат за модерните технологии и новите трендови во телекомуникациите како област која најбрзо се развива...

На конференцијата беше отворено и прашањето околу комуникациските апликации,како што се „Вибер“и „Скајп“, што се под чадорот на телекомуникациите, а не се регулирани. Тие компании како што беше речено го користат автопатот што го изградиле телекомуникациските компании и врз нивниот грб наплаќаат услуги кои не се со задоволителен квалитет.
„И се почесто се отвора прашањето во светот што се тие апликации, бидеќи тие моментално го земаат приходот на телекомуникацискиот сектор, тие се оние кои се најпрофитабилни и можеме да видиме на светските берзи што се случува со нив, додека телекомуникацискиот сектор во тој дел продолжува да опаѓа“, вели министерот за информатичко општество и администрација, Иво Иваноски.
Во рамките на конференцијата се разговараше и за неодамна потпишаниот договор помеѓу Македонија, БиХ, Србија и Црна Гора со кој цените на роаминг- услогите драстично ќе се намалат од 30-ти јуни.
„Драстично се намалува користењето на интернетот во овие четири држави во кои се потпиша договорот. Битно е да се нагласи дека договорот е отворен со анкес било која држава да може да се приклучи“, изјави Роберт Ордановски, директор на АЕК.
Со договорот цените за разговор се намалени за 73 проценти, за интернет сообраќајот за 90 проценти, додека СМС пораките ќе чинат 5,6 денари.
Сашо Нелоски
