Орав: Политички дијалог за исполнување на ЕУ агендата

19.05.2015 15:04

Евроамбасадорот Аиво Орав ги поздравува напорите на 4-те најголеми политички партии за изнаоѓање решение, бидејќи како што вели, тоа е единствениот пат кон Европската Унија. Брисел го пишува новиот извештај за Макединија...

Меѓународната заедница бара ефикасен политички дијалог и разрешница на кризата во земјава. Евроамбасадорот Аиво Орав ги поздравува напорите на 4-те најголеми политички партии за изнаоѓање решение, бидејќи како што вели, тоа е единствениот пат кон Европската Унија. Брисел го пишува новиот извештај за Макединија.

„Во изминатава недела видовме неколку позитивни работи. Прво претседателот го свика Советот за безбедност каде учествуваа претставници на сите политички партии, второ протестите изминатиов викенд беа мирни, имаше ризици дека ќе има немири, но не беше така и ви честитам за тоа. Лидерите на политичките партии почнаа да разговараат меѓу себе, и ова е некој вид на чудо, затоа што тоа не беше случај во изминативе неколку години. И денеска има многу важен состанок во Стразбур каде ќе се сретнат лидерите на опозицијата и се надевам дека ќе произлезе нешто позитивно од тоа“, изјави евроамбасадорот Орав.