Американски Леар – нова инвестиција во полошкиот регион

19.05.2015 16:19

За потребите на големите светски производители за преку 300 модели автомобили, корпорацијата Леар е глобален добавувач на премиум кожна галатенрија, со голем капацитет за дизајн и високи занаетчиски вредности...

Американската корпорација Леар ќе гради фабрика во Гостивар. Менаџментот на водечкиот глобален набавувач на автомобилски делови најавува две илјади вработувања, ќе стартува со 300 работници, обучени за кроење и шиење кожа и ткаенини. Ќе произведува навлаки за седишта - луксузна кожена галантерија .

Во вертикално интегрираните автомобилски системи за седење и компоненти со задоволство ќе ги отпочнеме операциите во Македонија и планираме да ја изградиме фабриката до средината на 2016-та. Ја цениме соработката со сите вклучени во процесот на отпочнување со работа на првата фабрика на Леар во Македонија“, вели Џенеан Ханли, потпретседател на корпорацијата Леар.

За потребите на големите светски производители за преку 300 модели автомобили, корпорацијата Леар е глобален добавувач на премиум кожна галатенрија, со голем капацитет за дизајн и високи занаетчиски вредности.

„Во согласност со нашата позиција како светски лидер во луксуз и перформанси на автомобилски седишта, ја поздравуваме можноста за отварање на оваа нова фабрика со цел реализација на нашата секојдневна посветеност за квалитет и услуга на нашите клиенти“,  вели Рафаел Гаџиарди, менаџер во Леар за европски операции.    

Бизнис сторијата Леар ја креира во 34 земји. Има 132 илјади работници кои работат дизајнирање  и производство  на автомобилски седишта и на системи за електрична дистрибуција. Седиштето е во Саутфилд, Мичиген.

 

Сузана Фиданска- Стоевска