Незадоволни струмичани поставија шатори пред Општина Струмица

19.05.2015 17:07

Велат дека причина за овој нивни гест е револтот од незаинтересираноста на Заев за нивните проблеми, но и последните политички случувања...

Оставка и повлекување од политичка функција на градоначалникот Зоран Заев бараат незадоволни струмичани кои изутрината поставија шатори во малиот градски парк спроти општина Струмица.

Велат дека причина за овој нивни гест е револтот од незаинтересираноста на Заев за нивните проблеми, но и последните политички случувања.

Поддршка на камперите дадоа и советниците од ВМРО- ДПМНЕ кои побараа градоначалникот Заев да свика итна седница, но и да поднесе оставка.

Граѓаните велат ќе останат во камповите додека не ја остварат целта.