Груевски и Заев на средба со европратеници во Стразбур
Премиерот Груевски и лидерот на СДСМ, Заев се во Стразбур. Беа најавени разговари со пратеници во Европскиот парламент, како и со претставници на Европската комисија. Ова е продолжение на напорите за надминување на политичката криза. Средбата доаѓа по вчерашната лидерска во Скопје, која заврши без договор меѓу 4-те најголеми партии во земјава...

Средбата меѓу лидерите на двете најголеми макeдонски политички партии Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Заев на СДСМ, според информациите со кои располагаме ќе се случи вечерва после 18 часот.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пристига попладнево, додека лидерот на опозициската СДСМ пристигна претпладнево во ЕП.
Тие пред врчерашнава средба со тројцата"олеснувачи"европратениците Иво Вајгл, Едуар Кукан и Ричард Ховит, имаат предвидено и реализирано повеќе билатерални средби со европратеници за да ги запознаат со ситуацијата во Македонија, пред утрешната пленарна дебата во Стразбур на Европскиот парламент. Од оваа дебата не е предвидено носење ба резолуција.
Конкретно за вечерашнава средба никој не се осмелува да дава прогнози со какви резултати таа ќе заврши. На истата се очекува и присуството на еврокомедарот за проширување Јоханес Хан.
Според она што сезборува, легитимитетот на Владата очигледно е темата околу која се судираат позициите на власта и на опозицијата, при што протестот на СДСМ и митингот на ВМРО-ДПМНЕ требаше да демонстрираат кој ја има поголемата поддршка. Заев во Стразбур ќе дојде со аргумент дека граѓаните се обединети во барањето да падне Владата, додека главниот аргумент на ВМРО-ДПМНЕ, со кој се спротивставуваат на притисоците е дека дошле на власт преку фер избори, дека граѓаните им дале мандат - и никој не треба да очекува дека ќе си одат поради протести.
Средбата е организирана во Стразбур бидејќи овде се одржува сесијата на Европскиот парламент. На сесијата за утре вечер како што реков, е предвидена дебата за ситуацијата во Република Македонија.
Тони Гламчевски
