Масовниот собир- предмет на анализа на светските и регионалните медиуми
„Заев нема да биде премиер - порача Груевски пред десетици илјади собрани граѓани“, објави БИ- БИ- СИ. Со идентични коментари одеа и Гардијан, Франс Прес, Раша Тудеј. Асошитетд прес напиша - Премиерот и Влдејачката ВМРО-ДПМНЕ ја покажаа силата - Скопје зовре...

Регионалните и светските медиуми со голем интерес за граѓанскиот собир. Информира и за пораките и за масовноста. „Заев нема да биде премиер - порача Груевски пред десетици илјади собрани граѓани“, објави БИ- БИ- СИ. Со идентични коментари одеа и Гардијан, Франс Прес, Раша Тудеј. Асошитетд прес напиша - Премиерот и Влдејачката ВМРО-ДПМНЕ ја покажаа силата - Скопје зовре.
Балкански информативни агенции известија дека на собирот имало меѓу 80 и 100 илјади граѓани.
Новинарот Денис Боиќ од државната телевизија на Република Српска, кој денеска земаше изјави за настанот, вели дека со собирот вчера се покажала силата и единството на народот.
„Бевме на огромниот митинг за поддршка на премиерот Груевски. Како што видовме митингот изгледаше доста величествено, се виде силата на македонскиот народ. Иако имаше различни шпекулации како ќе изгледа, дали ќе има инциденти, општ впечаток е дека Македонија покажа во овие времиња сила и единство и дека само демократскиот начин е единствен начин со кој треба да функционира државата“, вели Денис Боиќ – новинар на РТРС.
И за аналитичарите, масовноста на собирот ја испратил и најголемата порака. Присуството на луѓе од различни возрасти и различни општествени слоеви покажале обединувачка енергија потребна за соочување со идните предизвици.
„Беше масовна поддршка, имаше присуство на светски и регионални медиумии. Очекуваа нерегуларности, немири, но ништо од тоа немаше, иако мнозина од околината се заинтересирани Македонија да се дестабилизира. Граѓание покажаа ниво на свест да учествуваат во разрешување на овие неприлики“, изјави Димитар Мирчев – универзитетски професор.
Нашите соговорници велат дека и во наредните денови, големиот собир ќе биде предемт на анализа од регионалните и светските медиуми.
Наташа Гркова- Петрушевска
