Почнува одбележувањето на патронатот на УКИМ

20.05.2015 08:26

Чествувањето ќе продолжи утре со молебен за браќата Кирил и Методиј на универзитетскиот кампус...

Со вечерашниот концерт на академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ во Дом на АРМ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе го почне одбележувањето на својот патронат 24 Мај и 66 години од основањето.
 
Чествувањето ќе продолжи утре со молебен за браќата Кирил и Методиј на универзитетскиот кампус и со доделување Плакета  на УКИМ, награда „Св. Кирил и Методиј“ и титула почесен доктор и со свечена академија во Македонскиот народен театар.