35 милиони евра субвенции за сточарите
20.05.2015 10:56
Сточарите годинава ќе добијат 35 милиони евра субвенции. Најголем дел е за подршка на добиточниот фонд и за продаденото млеко...

До 100 крави сточарите ќе добијат по 2.800 денари за животно.
За обележаните овци, по 1.000 денари и тоа најмалку за 30, а за сочувано женско јагне по 700 денари.
Субвенциите се исти и во козарството , а фармерите треба да имаат минимум 10 кози.
За предаденто млеко во регистрирани преработувачки капацитети се добива по 3,5 денари за литар.
Методија Трајков
