Лавров побарал од Јагланд да ја посети Македонија
20.05.2015 10:22
Според Москва, посетата би придонесла за нормализација на политичката состојба во Македонија...

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров побара од генералниот секретар на Советот на Европа, Торнборн Јагланд да ја посети Македонија поради, како што се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, зголемувањето на тензиите во земјава.
Лавров, во рамки на своето учество на состанокот на Комитетот на министри на СЕ во Брисел, имал работен состанок со генералниот секретар на Советот на Европа.
Според Москва, посетата би придонесла за нормализација на политичката состојба во Македонија.
