Бизнисот загрижен поради можното зголемување на каматните стапки
Извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија, Митко Алексов, посочи дека зголемувањето на каматните стапки е лош сигнал и лошо ќе влијае на работењето на компаниите...

Последниве две години растат кредитите што банките им ги одобруваат на компаниите, но бизнис заедницата ја загрижува најавата на Централната банка за можно зголемување на каматните стапки, доколку набрзо не се надмине неповолната политичка состојба во земјава.
Извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија, Митко Алексов, посочи дека зголемувањето на каматните стапки е лош сигнал и лошо ќе влијае на работењето на компаниите. Очекува тој негативен тренд да не се случи, но доколку дојде до такво нешто бизнис заедницата очекува да не биде нешто драстично, туку во поднослива мерка.
Банкарите велат- има доволно слободни пари за сите добри проекти, а најмногу средства засега се пласирани во градежниот сектор.
