Оер: Да се даде шанса на политичкиот дијалог

20.05.2015 14:58

Поткрепа за надминување на политичката криза се и тековните лидерски средби...

Француската амбасадорка во земјава, Лоренс Оер, изјави дека има поместување и навестување за позитивен исход по разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Стразбур. Поткрепа за надминување на политичката криза се и тековните лидерски средби.

Според амбасадорката Оер, се наоѓаме во средина на еден политички дијалог, кој од Скопје, синоќа продолжи во Стразбур, и треба, како што рече, на тој процес да му се дадат сите можности.

Вицепремиерот Фатмир Бесими истакна дека од исклучително значење во овој период е политичкиот дијалог да даде резултати што е можно побрзо и на тој начин да дадеме шанса Македонија да не ја испушти можноста за евроатлантска интеграција односно членство во ЕУ. Македонија се повеќе станува тема на состаноците на институциите на ЕУ и важно е да испрати вистински сигнали, а тоа е дека ние сме заинтересирани за членство во ЕУ, не само од формален, туку и од суштински аспект.