Министерот Ивановски ги додели првите ваучери за таблет уреди за студентите

20.05.2015 15:04

До сега се поднесени вкупно 7.290 апликации, од кои 4.570 се одобрени од Комисијата...

Министерството за информатичко општество денеска ги додели првите ваучери на студентите за набавка на таблет – компјутери. Корисниците ќе можат најдоцна до 25 јуни да ги подигнат компјутерите со тастатура.

До сега се поднесени вкупно 7.290 апликации, од кои 4.570 се одобрени од Комисијата.

Најмногу одобрени апликации има за скопскиот универзитет „Кирил и Методиј“ како и на штипскиот „Гоце Делчев“.

Овие поволности за студентите беа најавени од владата пред 30-тина дена.