Кривична пријава за екс- градоначалник на Македонска Каменица

20.05.2015 15:14

Според обвинението, во 2006-та, тогашниот градоначалник на Македонска Каменица создал злосторничка група преку која ги извршувале кривичните дела...

Поранешен градоначалник на Македонска Каменица и уште 8-мина заработија кривични пријави. СВР Штип  ги сомничи за кривични дела „злосторничко здружување“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „фалсификување исправа“, „злоупотреба на службената положба“ и „помагање“.

Според обвинението, во 2006-та, тогашниот градоначалник на Македонска Каменица создал злосторничка група преку која ги извршувале кривичните дела.

Основал фирма МК Кама, а во договор со стечаен управник на РОЦ САСА во стечај во тој период организирале продажба на управна зграда без да го евидентираат приземјето.

Без да уплатат парични средства ја купиле. Екс- градоначалникот и уште неколкумина од групата се стекнале со противправна имотна корист од околу 16.000.000 денари и со недвижност приземје од управната зграда со површина од 245 м2.