Рама: Македонија во НАТО откако ќе го спроведе Охридскиот договор
Тој изјавил дека Албанија го условува влезот на Македонија во НАТО со целосно спроведување на Охридскиот договор...

По Грција и Албанија решила да стави вето на барањето на Македонија да стане членка на НАТО, јавуваат медиумите пренесувајќи ја изјавата на албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.
Тој изјавил дека Албанија го условува влезот на Македонија во НАТО со целосно спроведување на Охридскиот договор.
„Македонските власти по случувањата во Куманово, албанската етничка група ја означија како терористичка. Тоа е неприфатливо. На Македонија мора да и биде јасно дека Албанците се важен играч кога станува збор за опстанокот на државата“, рекол Рама на состанокот на регионалните министри посветен на борбата против тероризмот.
„Ништо не е поопасно во борбата против тероризмот од користењето на терминот „терористички“ поради решавање на други проблеми“, додал Рама, нагласувајќи дека целта на сите им е стабилна Македонија.
