Штајнмаер: Македонија да продолжи по европскиот пат

21.05.2015 10:01

Германскиот министер за надворешни работи не се сомнева дека Македонија ќе го избере европскиот пат бидејќи во спротивно, тоа би значело назадување на целиот регион...

Македонија да продолжи по европскиот пат, изјавил вчера во Берлин, германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, коментирајќи ги настаните во Куманово и актуелната политичка криза.

Германскиот шеф на дипломатијата на прес-конференцијата со министерот за надворешни на Албанија, Дитмир Бушати подвлекол дека Берлин се надева дека нема да се повторат слични инциденти.

Штајнмаер, јавува МИА, не се сомневал дека Македонија ќе го избере европскиот пат бидејќи во спротивно, тоа би значело назадување на целиот регион.

За ова Штајнмаер разговарал  со македонскиот министер за надворешни Никола Попоски за време на состанокот на НАТО во Анталија.