Звер: Техничка влада не е искрен предлог за решение
Според Звер, треба да се преговара и разговара, но важни се и отстапките- факт е дека да се разговара и да се преговара е неопходно, а понекогаш е потребно и да се направи отстапка...

Техничка влада не е искрен предлог за решение, изјави словенечкиот европратеник Милан Звер. Кризата во Македонија е мотивирана, поради недостиг на разбирање на парламентарната демократија кај опозицијата, особено и во случајот со Македонија станува збор за партија со Социјалдемократска опција.
Според Звер, треба да се преговара и разговара, но важни се и отстапките- факт е дека да се разговара и да се преговара е неопходно, а понекогаш е потребно и да се направи отстапка.
Но ќе биде грешка доколку Социјалдемократите издејствуваат се што побараа за време на разговорите, оценува словенечкиот европратеник. а
