Стопанските комори ќе понудат конкретни мерки за ублажување на последиците од кризата

21.05.2015 12:44

Предлог мерките за излез од политичко економската криза пред да бидат објавени треба да бидат одобрени од раководните органи на секоја од коморите...

Стопанските комори едногласни - бараат брзо решавање на политичката криза за спас на економијата. Идната недела ќе излезат со конкретни мерки за да се ублажат последиците кои би ги сноселе македонските компаниите.

Предлог мерките за излез од политичко економската криза  пред да бидат објавени треба да бидат одобрени од раководните органи на секоја од коморите.

Првин сакаме да го тргнеме елементот кој е генератор на кризата, а потоа да зборуваме за конкретни мерки кои ќе бидат  повеќе на макроекономски план, а потоа и на микроекономски план, изјави претседателот на Комората на Северозападна Македонија,  Мендерес Кучи.

Кучи нагчаси дека бизнис секторот е заедно во намерите и целите за стабилизација и нормализација на економската и политичката состојба во земјата.