Европски Парламент: Демократијата да се врати во земјата
По вчерашната расправа во Европскиот парламент, за состојбата во Македонија, претставникот на ЕУ изјави дека состанокот меѓу лидерите на ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ, Груевски и Заев, е важен чекор во надминувањето на кризата. Во изјавата за словенечкото радио, европскиот известител за Македонија, Иво Вајгл, изјави дека бил потпишан „нон пејпр“ за натамошни разговори...

Главната порака која ја испратија европските парламентарци од расправата за ситуацијата во Македонија е дека демократијата мора да се врати во земјата и дека политичарите мора да сносат одговорност.
„Во оваа ситуација мораме да бидеме сведоци на промисленост политичка одговорност и засилен политички дијалог. Ова мора да биде демонструирано од сите страни на политичкиот спектар и од различните етнички групи. Во земја со толку големи предизвици, важно е функционирањето на демократските институиции“, вели Кукан, нагласувајќи дека Парламентот е вистинската платформа за тоа.
Инаку самата дебата на моменти изгледаше веќе видено во Европскиот парламент, каде од една страна дел од грчките и бугарските европратеници ја користат старата реторика, околу името и добороседските односи, најмалку зборувајќи за темата за која се расправаше, па дури на крајот дојде и до расправа меѓу претседавачот и најстариот европратеник Емануле Глезос околу процедурална постапка.
„Нашата заедничка политичка иницијатива е во тек, важно е да се зачува констуктивен пристап од двете страни за да таа инцијатива ги постигнат целите“, изјави еврокомесарот Стилианидес Кристос.
Иво Вајгл од своја страна вели дека позициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ навистина остануваат многу разлики, но, сепак, се постигна консензус за некои важни почетни точки за продолжување на политичкиот дијалог - во формат на шефови на главните македонски партии во Скопје и посредничката мисија во Европскиот парламент во соработка со комесарот Хан. Според слоевнечкиот европратеник, во изјавата за Радио Словенија, тоа било ставено на хартија во еден вид нон-пејпер.
„Во тој нон пејпер се содржани начелата и насоките за начинот на решавањето, но за тоа нема да зборувам бидејќи таак се договоривме. Тој политички процес нема да биде јавен“, рече Вајгл.
Словенечкиот европратеник изјави дека Груевски и Заев свесни дека кризата бара фокусирање на политичкиот дијалог.
Тони Гламчевски, дописник од Стразбур за МРТ
