Продолжува напнатоста меѓу ИВЗ и муфтивството

21.05.2015 15:21

Продолжува напнатоста на релација Скопско муфтиство- Исламска верска заедница. Првите тврдат, не е легитимна одлуката за разрешување на скопскиот муфтија, вторите не сакаат да коментираат изјави на разрешени функционери на заедницата...

Откако го напуштија седиштето на Исламската верска заедница поради донесената судска одлука, поддржувачите на разрешениот скопски муфтија Шабани излегоа со порака  до ријасетот дека единствено скопското муфтиство можело да одлучува за тоа кој и како ќе биде разрешен или вработен во него.

„Нарушен е редот, уставот, правниот поредок на ИВЗ. ИВЗ не е приватна куќа на никого, треба да се почитува законот“, вели Скендер Бузаку, разрешен секретар на скопското муфтиство.

Пресот го оддржа пред затворената врата кадешто стоеше обезбедување- со тоа паднаа во вода неговите тврдења дека сеуште слободно велгуваат во муфтиството оти очигледно беше дека тие се непожелни во органите.

Од ИВЗ не сакаа да коментираат наводи на, како што рекоа, со разрешените поединци кои кривично се гонат и не претставуваат никаков фактор. Оттаму посочија дека и овојпат групата околу разрешениот муфтија ги крши законите покажувајќи потписи од луѓе кои не се членови на муфтиството, освен двајца.

На листата потпишани ги нема седуммината актуелни членови на муфтиството кои се легитимно избрани во 2013 година и се со четиригодишен мандат.

 

Фиљана Кока