Матурантите избираат факултети со кои имаат иднина

21.05.2015 16:21

Средните стручни училишта им даваат насоки на своите ученици каде да се запишат за да го искористат потенцијалот...

Матурантите се порационално инвестираат во иднината. Избираат факултети кои нудат перспектива и вработување, па така електротехничкиот, машинскиот, како и факултетот за природни и оној за компјутерски науки се избор на оваа генерација.

„Се одлучив за Машински факултет, слушам од пријатели дека се добива големо знаење и дека се добива лесно работа...Планирам да се запишам на Природно математичкиот факултет, смер екологија... Сеуште не сум сигурен, можное е на ПМФ- технологија“, велат матурантите кои ги анкетриавме.

Средните стручни училишта им даваат насоки на своите ученици каде да се запишат за да го искористат потенцијалот.

„Во најголем дел интересот за запишување е на Електро- техничкиот факултет, Машинскио факултет и Сообраќајниот факултет во Битола. Машиновозачите за дизел и електрични влечни возила своето работно место веднаш по завршувањето на средното стручно училиште можат да го најдат во Македонски железници“, вели Билјана Глигорова – директор на СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје.

Средношколците што ги анкетиравме даваат предност на државните наспроти приватните факултети, затоа што, како што велат, тие нудат поквалитетни наставни програми. Но, има и такви кои одлучиле школувањето да го продолжат во странство.

„Италија, или евентуално Швајцарија, ќе студирам човечки ресурси бидејќи сметам дека добро ми оди работата со луѓе“, вели еден матурант.

Според статистиките, се очекува голем интерес и на Правниот, Економскиот и Филозофскиот факултет. Годинава матура слават околу 20.000 ученици.

 

Анита Димитријевска