Груевски: ЕУ и НАТО главна цел на Mакедонија
Mакедонија интезивно работи на понатамошни реформи за приближување на земјата до Европската Унија и до НАТО - тоа е недвосмислена стратешка определба на државата - премиерот Греусвки во обраќањето пред претставниците на Европската народна партија...

„Членството во Европската Унија и во НАТО е недвосмислена стратешка определба на Македонија и интензивно се работи на реализација на понатамошните реформи кои ќе го унапредат процесот и ќе подигнат на повисоко ниво“- ова го истакна премиерот Груевски на дискусијата на парламентарната група на Европската народна партија во Европскиот парламент.
Македонскиот премиер посочи дека се преземаат мерки во повеќе општествени области чија крајна цел е исполнување на зацртаните критериуми, подобрување на квалитетот на работата и овозможување напредок на животот и стандардот на граѓаните, особено во поглед на економските реформи кои се значаен елемент во остварувањето на целта за поквалитетен живот на граѓаните.
Груевски оствари средба и со генералниот секретар на Европската народна партија, Антонио Лопез- Истуриц, како и со потпретседателот на ЕПП и член на европскиот парламент, Јацек Сариуш Волски.
Во насока на остварување на стратешките интереси е добредојдена и значајна поддршката од сите пријатели и партнери на Македонија кои отворено ги поддржуваат евроатланските интеграции, порача Груевски, заблагодарувајќи се за активното залагање и на Европската народна партија за напредок на процесите важни за Македонија.
Катерина Топалова
