Македонските извозници со поддршка на „Invest Macedonia“ претставени во повеќе од 20 земји
Во рамките на овој циклус, компаниите Нутри Груп, Кенди, Алкалоид, Ларс Трејд, Ларс, Саитис, Коро и Јаболчело имаа можност да го претстават своето производно портфолио и капацитети во повеќе од 20 земји кои претставуваат опфат на покривање и делување на економските промотери...

Продолжува одличната соработка и партнерскиот однос меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и домашните извозно ориентирани компании. Како продолжение на одржаните два циклуси на средбиво рамките напроектот „Online видео средби помеѓу домашните извозни компании и економските промотери“, на 21-ви мај во просториите на Агенцијата се одржаа третиот циклус на директни оnline видео средби помеѓу претставници на домашни извозно ориентирани компании и економските промотери.
Во рамките на овој циклус, компаниите Нутри Груп, Кенди, Алкалоид, Ларс Трејд, Ларс, Саитис, Коро и Јаболчело имаа можност да го претстават своето производно портфолио и капацитети во повеќе од 20 земји кои претставуваат опфат на покривање и делување на економските промотери.
Во рамките на овој проект се таргетираат компании од одделни сектори со потенцијал за присуство на странски пазари и крајна цел на истиот е зголемен извоз и пласман на домашните производи на странски пазари преку промоција на производното портфолио на домашните компании, а инпутот на економските промотори е да се запознаат со производите и капацитетите надомашните извозниции да помогнат во изнаоѓање странски купувачи и пристап до пазари во земјите кои што ги покриваат промотерите.
