Достапни цените за закуп и купопродажба на недвижности

22.05.2015 12:49

Oд денес, преку ГИС порталот на Катастарот, започнува јавното објавување на сите купопродажби и закупи. Ќе го прикажат трендот на движењето на цените, а личните податоци ќе бидат заштитени...

За два месеца во регистарот на цени и закупнини на недвижностите се внесени 5 илјади трансакции. Најголем дел од нив се реализирани во Скопје. Од денес, преку ГИС порталот на Катастарот, започнува јавното објавување на сите купопродажби и закупи. Ќе го прикажат трендот на движењето на цените, а личните податоци ќе бидат заштитени.

Со овој проект, според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески, пазарот на недвижности во Македонија станува  транспарентен. Се надминува проблемот со недоволна количина податоци и информации за цените поради што се користеа несигурни и неофицијални податоци.

Првичните анализи покажаа дека за отприлика 20  проценти се прикажуваат пониски цени во споредба со оданочените. Целта на Регистарот на цени е оваа разлика да исчезне, вели Трпески.