Дачиќ: Кризата во Македонија- проблем и за ОБСЕ
Дачиќ вели – за 20 години Европската унија не ораганизираше ниту еден состанок на тема – Македонија, додека во исто време Косово е постојана тема, иако постои поголема опасност од понатамошна ексалација на ситуацијата...

Политичката и безбедносната криза во Македонија е проблем и за ОБСЕ и за регионот – оценува шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, со став меѓународната заедница да сноси одговорност за кризата во Македонија која може да се реши со политичка воља.
Дачиќ вели – за 20 години Европската унија не ораганизираше ниту еден состанок на тема – Македонија, додека во исто време Косово е постојана тема, иако постои поголема опасност од понатамошна ексалација на ситуацијата.
Министерот за надворешни на Србија оценува - ЕУ предлага отворање на преговарачки поглавја за Македонија, а сега оддеднаш постојат проблеми. Тие кои посредуваат во разговорите за решавање на кризата треба да уживаат доверба во сите учесници на тие разговори.
