Една затворска казна и 8 условни за насилните демонстранти од 5-ти мај

22.05.2015 13:22

Деветтемина демонстранти кои денеска беа изнесени пред пред судот за протестите од 5 мај, ја признаа вината...

Една казна од 10 месеци затвор и 8 условни казни од по 3 месеци кои нема да се извршат ако во рок од 1 година не се повтори делото, ваква одлука е донесена во Кривичниот скопски суд по обвинението за лицата кои демонстрираа пред владата на 5-мај.

Деветтемина демонстранти кои денеска беа изнесени пред пред судот за протестите од 5 мај, ја признаа вината, а обвинети за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие“.

Обвинетите се изјаснија дека се свесни за обвинението и дека вината ја признаваат без никаква закана.